ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

Кога кафето може да биде предизвик: Влијанието на кофеинот кај лица со хипертензија, ГЕРБ, синдром на иритабилно црево и хипотиреоидизам

Кафето е пијалок кој го стимулира нервниот систем, ја подобрува концентрацијата и го забрзува метаболизмот. Но, неговото дејство не е универзално. Зависи од индивидуалната чувствителност, начинот на подготовка, како и од присуството на одредени здравствени состојби.

Современите истражувања потврдуваат дека умерената консумација на кафе може да биде дел од здравата исхрана, но и дека кај специфични случаи кофеинот може да предизвика непријатности или да влијае врз апсорпцијата на лекови.

Овој текст не ја покрива темата за утринскиот внес на кафе на празен желудник — тоа ќе биде предмет на посебен пост. Тука се фокусираме на влијанието на кафето кај лица со хипертензија, ГЕРБ, синдром на иритабилно црево и хипотиреоидизам, и кога треба да се внимава.

КОГА КАФЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПРЕДИЗВИК

Хипертензија

Кофеинот во доза што одговара на 2–3 чаши кафе може да предизвика трајно зголемување на крвниот притисок неколку часа. Според студија објавена во American Journal of Hypertension / Am J Hypertens, комбинирањето на стрес и кофеинот доведе до додатен пораст на притисок кај лица со граниичен хипертензивен статус. Исто така, мета-анализи покажуваат дека кај хипертензивни поединци кафето предизвикува акутен пораст на притисок што може да трае ≥ 3 часа. Затоа, кај лица со нестабилна или неконтролирана хипертензија, препорачливо е кафе да се пие после оброк, а не на празен желудник.

ГЕРБ и гастритис

Кафето поттикнува производство на желудочна киселина и може да ја релаксира долната езофагеална спонка, што овозможува враќање на желудочна киселина во хранопроводот. Кај луѓе со ГЕРБ или хроничен гастритис, ова честопати предизвикува горушица и непријатност. Иако нема универзална студија што ја обединува оваа тема со кофеинот, разгледувања во гастроентеролошката литература сугерираат дека кофеинските пијалоци се чести тригери за симптоми на рефлукс.

Синдром на иритабилно црево (IBS)

Кофеинот ја зголемува гастро-количната рефлексна акција и може да ја забрза цревната транзитна стаза. Ова кај лица со IBS, особено со дијареен тип, често се поврзува со абдоминални грчеви, ургенција и нестабилност. Иако специфични големи RCT студии се ретки, некои истражувања покажуваат дека и мали дози кофеин можат да активираат перисталтика кај чувствителни луѓе.

Хипотиреоидизам

Кофето може значајно да ја намали апсорпцијата на Л-тироксин (лекот што се користи за замена на тироксин), ако таблетата се внесе заедно со кафе или кратко пред тоа. Во студија од Benvenga и соработници, кофеин го намали внесот на T4 за ~29–36% во споредба со вода. Најдобро е да се почека до 2 часа по терапијата, конзумацијата на кафе.

ЗАКЛУЧОК

Кафето е вкусен напиток - не е категорично „добро“ или „лошо“ - но неговото влијание зависи од здравствениот контекст на лицето. Кај здрави лица, умерена консумација (1–3 чаши дневно) обично не создава проблеми.

Меѓутоа, кај лица со хипертензија, ГЕРБ, синдром на иритабилно црево или хипотиреоидизам, кофеинот може да ја влоши симптоматиката или да ја намали ефикасноста на терапијата. Препораките вклучуваат: кафето да се пие кратко време после оброк, да се избегнува комбинацијата со лекови, и да се обрне внимание на сопствената толеранција.

Во следниот блог ќе разгледаме една од најчестите дилеми: дали е штетно да се пие кафе на празен желудник рано наутро, и што велат најновите научни докази за тоа.

Подготвил:
Александра Пренџова, м-р, дипл. технолог по исхрана – нутриционист