ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

М-р Александра Пренџова

Дипл. нутриционист, м-р по управување со квалитет и безбедност на храна
Александра Пренџова е дипломиран инженер технолог - нутриционист со повеќе од девет години професионално искуство во областа на исхраната и здравјето, м-р по управување со Квалитет и Безбедност на храна (ТМФ, УКИМ, 2023).

Своето професионално искуство го започнува во 2014 година во приватниот здравствен сектор, каде континуирано повеќе од десет години обезбедува индивидуални нутриционистички консултации со пациенти.

Нејзината работа е насочена кон персонализиран пристап и поддршка на клиентите во справување со различни здравствени состојби и цели како: управување со телесна тежина- превенција на дебелина, веганска и вегетаријанска исхрана, исхрана во бременост, исхрана за спортисти, детска нутриција, нутриција за дијабетес, состојба на предијабетес, wellness coaching, исхрана при гастритис, нервозни црева, кандида, ПЦОС и друго.

Во октомври 2025 година го насочува целосно вниманието кон едукацијата, каде преку индивидуален пристап има за цел да ја унапреди културата на здраво живеење и да помогне секој поединец да постигне подобро здравје и квалитет на живот. Поддржувач е на концептот на свесно јадење и се стреми да создаде долгорочни здрави навики преку едукација, практични совети и персонализирани програми.
Закажи консултација