ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

(Важи за сите корисници, посетители и клиенти)

Веб-страницата www.prendzova.mk, вклучувајќи го целиот нејзин материјал, програми, дигитални производи, услуги и содржини (во натамошниот текст „веб-страница“) е во сопственост на АУТО.НЕТ.МК ДООЕЛ Велес, со седиште во Велес на ул. Оливер Китановски 34, општина Велес. Веб-страницата е дизајнирана, изработена и управувана од страна на АУТО.НЕТ.МК ДООЕЛ Велес со ЕДБ 4004016514039 и ЕМБС 7126468.

Со пристап и користење на веб-страницата, вие изјавувате дека ги разбирате, прифаќате и се согласувате со Условите за користење наведени подолу.

Доколку не се согласувате со нив – ве молиме не ја користете веб-страницата и услугите на Nutri Prendzova.

Nutri Prendzova го задржува правото во секое време да изврши измена на овие услови, за што корисниците ќе бидат соодветно информирани.

1. Дефиниции

Корисник – секое лице што пристапува и користи содржини или услуги на веб-страницата.
Клиент – регистриран корисник кој нарачува услуга, програма, консултација или производ.
Услуги – нутриционистички консултации, програми, e-book материјали, видеа, meal plan-и, рецепти, блог текстови, образовни пакети, email ресурси и слично.
Дигитални производи – PDF водичи, планови за исхрана, програми за нутриција и слични материјали кои се добиваат електронски.
Онлајн консултација – советување преку Zoom, Google Meet, телефон, емаил или друга платформа.
Содржина – сите текстуални, графички, видео и аудио материјали достапни на веб-страницата.

2. Цел и функционалност на веб-страницата

Преку www.prendzova.mk корисниците можат:

• да читаат блог-образовна содржина
• да нарачуваат програми за исхрана
• да закажат индивидуални консултации
• да купат дигитални производи (водичи, meal plans, PDF ресурси)
• да се пријават за newsletter, email едукации или програми
• да се информираат за нутриционистичка пракса, препораки и услуги

3. Информации и здравствени препораки (важно!)

Содржината на Nutri Prendzova е образовна и информативна, и не претставува:

-медицинска дијагноза
-третман на болест
-замена за лекар или специјалист

Секоја информација е дадена со цел подобрување на животниот стил, исхрана и навики, но не ја заменува професионалната медицинска проценка.

Клиентите кои имаат хронични болести, хормонални нарушувања, дијабетес, автоимуни состојби, бременост, психијатриски состојби или земаат терапија, треба пред користење на услуги да се консултираат со лекар. Корисникот е одговорен за точноста на информациите што ги дава.

4. Регистрација и кориснички профил

• Регистрацијата не е задолжителна, но може да биде потребна за нарачка програми или дигитални производи.
• Корисникот е одговорен за точноста на внесените податоци.
• Nutri Prendzova може да избрише профил кој содржи неточни или злоупотребени податоци.

Корисникот е одговорен за доверливоста на лозинка, пристап до профил и активности спроведени преку истиот.

5. Купување, дигитални материјали и плаќања

• Сите цени се изразени во денари (МКД).
• Плаќањето се врши електронски преку платежни системи или друг метод наведен на страницата.
• При купување на дигитален производ, корисникот добива пристап/фајл веднаш по уплатата.

5.1 Политика за рефундација

Поради дигиталната природа на материјалите не постои можност за рефундација по купување на e-book, meal plan, PDF или online курс.

Исклучок може да се направи само доколку:
✔ материјалот не е добиен/не е пристигнат
✔ постојат технички проблеми за кои ќе се достави доказ

Рефундација не се одобрува ако корисникот еднострано се премисли или не започне со користење на програмата.

6. Забрана за копирање и дистрибуција

Целиот материјал на Nutri Prendzova (текст, PDF, планови, видеа, програми, рецепти) е заштитен со авторско право.

Забрането е:

  • копирање
  • препраќање на трети лица
  • препродавање или дистрибуција
  • користење за комерцијални цели

Прекршувањето повлекува законска одговорност согласно Законот за авторски права.

7. Обврски на корисникот

Корисникот се обврзува:

• да дава точни и вистинити информации
• да не злоупотребува материјали, програми и содржини
• да не користи веб-страницата за незаконски активности
• да ги почитува авторските права и интелектуална сопственост

8. Ограничување на одговорност

Nutri Prendzova не е одговорна за:

• неправилна примена на планови или совети од корисникот
• здравствени состојби кои постоеле или настанале независно од препораките
• штета предизвикана од неадекватна самопримена на нутриционистички протоколи
• користење на информации без медицинска проценка

Секој резултат е индивидуален и зависи од повеќе фактори: здравје, придржување, хормонален статус, навики, генетика, физичка активност и др.

9. Приватност и обработка на лични податоци

Личните податоци се обработуваат согласно Законот за заштита на лични податоци и Политиката на приватност достапна на веб-страницата.

Nutri Prendzova не споделува податоци со трети лица освен кога тоа е законски дозволено или неопходно за извршување на услугата (плаќање, техничка обработка).

10. Cookies политика

Веб-страницата користи cookies за:

• функционално прикажување на веб-страницата
• подобрено корисничко искуство
• аналитика, статистика и следење на сообраќај

Корисникот може да ги прифати, одбие или избрише cookies преку подесувањата во прелистувачот.

11. Применливо законодавство

Овие Услови се раководат според законите на Република Северна Македонија.
За нерешени спорови надлежен е Основниот граѓански суд – Скопје.